ПОЧЕТНА А Репрезентација МКФ ќе ја поништи суспензијата на Нено?!

МКФ ќе ја поништи суспензијата на Нено?!

сподели

Basketball.mk неофицијално дознава дека во Федерацијата се размислува(ло) да се поништи суспензијата на Ненад Димитријевиќ, а можно било и да се преиначи во парична казна, со цел да не влијаела негативно на натамошниот развој на младиот кошаркар.

Во размислувањата за укинување или преиначување, како што бевме информирани од неформален извор, биле земени предвид и пораките од јавноста, за поддршка на играчот кој што веќе има настапи за сениорската репрезентација.

Ненад Димитријевиќ (Wikipedia)

Репрезентативецот и член на Хувентуд, Ненад Димитријевиќ е суспендиран од Дисциплинската комисија на МКФ на шест месеци, поради тоа што летоска не играше за младинската У20 репрезентација на Европското првенство (Б-дивизија) во Софија, наводно поради повреда.

Аплицирајте веднаш за

Одлуката на Управниот одбор на МКФ, кој што ја потврди суспензијата изречена од дисциплинската комисија, уште не е испратена во ФИБА, па има(ло) простор да биде корегирана. Од МКФ биле категорични, дека, ако има прошка, ова ќе биде последен таков случај.

Димитријевиќ не излегува во јавноста со реакција и се подготува за дуелот од шпанското првенство против Андора, кој е прв за Хувентуд во новата сезона, иако ова е второ коло.

Во првото, тимот од Бадалона и поранешен европски шампион требаше да гостува кај Бреоган, но мечот беше откажан поради технички проблеми.