ПОЧЕТНА А Репрезентација ЕКСКЛУЗИВНО: МКФ ќе ги одзема пасошите на странците!!!

ЕКСКЛУЗИВНО: МКФ ќе ги одзема пасошите на странците!!!

сподели
Џордан Теодор не се прослави во дресот на Македонија, во мундијалските претквалификации.

Куќата на нашата кошарка тргна решително, во борбата за враќање на достоинството на овој спорт, кај нас. Ќе ги поништува државјанствата на оние што никогаш не го облекле дресот на нашата репрезентација.

Во оваа категорија на странци кои што ќе останат без македонски пасош, спаѓаат и оние кои што се однесувале недолично, односно не доаѓале на прозивките или не давале се од себе на натпреварите на македонската репрезентација.

Пример за беспрекорен карактер на натурализиран кошаркар – Бо МекКејлеб во дресот на Гран Канарија.

Редакциски став – крајно време беше да се стави крај на парадерите и пауните кои што земаа наш пасош, само за да се претстават во европските екипи како државјани на Стариот континент, со цел да избегнат даноци.

„Државјанството на нашата земја им се дава на играчи кои што треба да бидат пример за останатите, кои што треба да го кренат квалитетот на нашата селекција и да покренат лавина кај младите.“ – децидни се претставници на МКФ, во изјава за basketball.mk.

Џеремаја Мејси во дресот на Реал Мадрид (2008) – беше еден од нашите лидери во квалификациите и на ЕП 2009 во Полска (фото: Wikipedia).
Аплицирајте веднаш за

Процедурата е во завршна фаза, се уште нема список на имиња кои што ќе останат без нашиот пасош, но најважно е што се тргнува од мртва точка.

Нашата земја им дозволи на 10-мина американски кошаркари да го добијат нашето државјанство, од 2005-та до денес, а последниот е Џордан Теодор, кој што играше во претквалификациите за СП минатата година, кога доживеавме фијаско против Естонија и Косово.