ПОЧЕТНА Други репрезентации МКФ распишува конкурс за избор на селектори во младинските категории

МКФ распишува конкурс за избор на селектори во младинските категории

сподели

Идното лето (2019 година) Република Македонија на Европските првенства за млади ќе ја претставуваат пет младински репрезентации од кои кошаркари до 20 години (Дивизија Б), кошаркари до 18 години (Дивизија Б) и кошаркарки до 18 години (Дивизија Б), кошаркари до 16 години (Дивизија А) и кошаркарки до 16 години (Дивизија Б).

Своите апликации (CV), со назнака за која категорија се конкурира, кандидатите да ги испратат на office@basketball.org.mk најдоцна до 7. ноември 2018 година (среда).

Кандидатите кои ќе аплицираат за селектор на селекцијата до 20 години треба да ги исполнуваат следните критериуми:

Аплицирајте веднаш за

– Да ги исполнува условите за добивање на тренерска лиценца
– Да има најмалку 3 (три) години работно искуство како тренер во младински категории, потврда од клуб,
– Најмалку 1(една) година како Прв тренер во Прва лига или асистент тренер во Прва лига, потврда од клуб.
– да е член на ЗКТМ
– Да има освоено титули во првенства и натпреварувања признати од ФИБА

Кандидатите кои ќе аплицираат за селектори на селекцијата до 18 години (мажи и за жени) и за селекциите до 16 години (мажи и за жени) треба ги исполнуваат следните критериуми:

– Да ги исполнува условите за добивање на тренерска лиценца
– Да има најмалку 3 (три) години работно искуство како тренер во младински категории, потврда од клуб,
– Најмалку 1(една) година како Прв тренер во Втора лига или асистент тренер во Прва лига, потврда од клуб.
– Најмалку 1(една) година како Прв тренер на младински екипи кои се натпреваруваат во натпреварувањата организирани од МКФ, потврда од клуб.
– да е член на ЗКТМ

(преземено од МКФ)