ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МКФ: Нема да толерираме никаков вид на насилство или неспортско навивање

МКФ: Нема да толерираме никаков вид на насилство или неспортско навивање

сподели
Владимир Темелковски (лево) и селекторот Јорданчо Давитков. Фото: МКФ

Македонската куќа на кошарката се огласи по инцидентот што се случи на мечот меѓу Лирија 77 и Академија ФМП, со соопштение до јавноста.

Соопштението е преземено од официјалниот сајт на Федерацијата и ви го пренесуваме во целост:

Во врска со немилиот настан кој се случи на второлигашкиот натпревар помеѓу екипите на Лирија 77 и Академија ФМП, комесарот за натпреварување, Владо Цветковски, согласно пропозициите ги изрече казните за организаторот на натпреварот.

„Во текот на една сезона се играат повеќе од 2.000 натпревари за кои во изминатите 4 години не сме имале ваков случај на посериозен инцидент за време на натпреварите.

Жалиме што немил настан од ваков размер воопшто се случи, но воедно сме среќни што немаше посериозни повреди на лица кои беа присутни на натпреварот во каква била улога.

Аплицирајте веднаш за

 

Едно е сигурно, нема да толерираме никаков вид на насилство или неспортско навивање и ќе работиме за заштита на сите кошаркарски субјекти инволвирани во играта која сите ја сакаме за што подобро и покоректно претставување на играта.

Во кошарката нема место за провокатори, инциденти и за насилство. Се надеваме дека ова ќе биде последен ваков случај во кошарката и дека повеќе нема да се повтори.“ – потенцира Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски.

Претставниците на КК Лирија 77 не сакаа да дадат изјава за нашиот медиум, иако basketball.mk уредно му се јави на сопственикот на клубот, да го пренесе неговото видување за настанот.

фото: КК Лирија

Претходно, пренесовме изјава на еден од претставниците на КК Академија ФМП, кој што ни кажа како тие го виделе сето она што се случувало во моментот кога се случил инцидентот.

Освен што ги пренесуваме резултатите од натпреварите, нашиот портал останува отворен за сите што сакаат да ја информираат јавноста, за каков било настан што се случува за време на кошаркарските збиднувања во нашата земја.

Ние секогаш ги пренесуваме видувањата на сите инволвирани и постоиме за доброто на кошарката, не заземаме ничија страна.