ПОЧЕТНА Други лиги МКФ: Децата мора да играат и од мали нозе да се научат...

МКФ: Децата мора да играат и од мали нозе да се научат да ја сакаат кошарката!

сподели

Постои несогласување меѓу еден клуб во младинските категории и канцeларијата на МКФ, околу толкувањето на еден неодигран натпревар во М12 конкуренција.

Партизан МШ бара службена победа против ФМП Академија, затоа што второспоменатата екипа која што била во улога на домаќин не се појавила на паркетот во првично закажаниот термин, а Федерацијата им вели на клубовите да го одиграат неодиграниот натпревар.

Дуелот не се одиграл поради технички проблем во комуникацијата меѓу МКФ и клубовите, велат извори од Македонската кошаркарска федерација.

Аплицирајте веднаш за

Од МКФ ја добивме следнава изјава:

“Нам ни е најважно децата до 12 години, како и сите останати млади во нашата кошарка, да играат кошарка, а не да се учат да победуваат на зелена маса. Точно е дека имаше технички недоследности и дека натпреварот не е одигран во предвидениот термин, но нема ништо страшно, ако мечот се одигра подоцна.

Тоа се деца, до 12 години, некои од нив имаат и по 11 години, всадувањето на љубовта кон кошарката во нивните главчиња е нашата основна цел, а се друго се само насочувања на погрешна страна. Воопшто не е важно кој против кога игра, нам ни е битно децата да играат. Ние како Федерација сакаме да има што повеќе кошарка, а што помалку други игри, на нашите терени.“ – велат од МКФ.

Тони Симиќ со екипата

Ставот на претставниците на Партизан МШ е различен од оној на Федерацијата.

„Во терминот даден од ФМП, во салата беа присутни нашите играчи, делегатот и судиите. Само домашните не се појавија. Им ѕвоневме на телефон, а одговорот беше дека џабе ги чекаме, бидејќи заборавиле дека мечот треба да се игра тој ден, односно немаат време да ги соберат децата.

Направен е делегатски извештај и истиот е уредно доставен до МКФ. Согласно пропозициите за натпреварување на МКФ, натпреварот треба да биде регистриран со службен резултат во наша корист и тоа во рок од 7 дена.

Сега, се штитат оние кои што се однесуваат како МКФ да е нивна своина и кои што мислат дека можат да прават што сакаат.” – вели за basketball.mk, тренерот на Партизан МШ, Тони Симиќ.