ПОЧЕТНА Интернационалци МКФ го суспендира Ненад Димитријевиќ!

МКФ го суспендира Ненад Димитријевиќ!

сподели
Ненад Димитријевиќ (Wikipedia)

Нашиот плејмејкер кој што настапува во редовите на Хувентуд во Шпанија, нема да игра во наредните (до) 6 месеци за својот тим, затоа што не се одзва(л) на повикот на селекторот на младинската селекција.

Ова беше објавено на состанокот на Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација. Следува известување до ФИБА, по што оваа одлука би требало веднаш да стапи на сила.

Момент од состанокот на УО

Одлуката е на Дисциплинската комисија при МКФ, а се однесува на повикот за ЕП во рамките на Б дивизијата што летоска се играше во соседна Бугарија, за кое што селекторот Василев сметаше на Димитријевиќ како главна оска во играта на нашиот национален тим до 20 години.

Аплицирајте веднаш за

Димитријевиќ се појави на подготовките, но не играше на натпреварите пред и за време на континенталниот собир.

Неофицијално дознаваме дека тој изјавил дека е повреден, а тренирал со топка (но не знаеме со каков интензитет) во сала непосредно пред/по тренинзите на младинската селекција.

Ненад Димитријевиќ на тренинг со А селекцијата, пред мечот со Швајцарија во Скопје, во претквалификациите за ЕП 2021.

Ова ќе биде голем удар и за Нено и за нашата кошарка, затоа што играчот кој што помина низ сите младински филтри во АЦБ лигашот од Бадалона, требаше природно да ја наследи позицијата број 1 (плејмејкер) во нашата А селекција.

Ненад Димитријевиќ (1998, 187) е само вториот кошаркар што е ригорозно санкциониран од страна на нашата куќа на кошарката, по Владо Илиевски кој што своевремено беше казнет парично затоа што не играше за А репрезентацијата.