ПОЧЕТНА Куп на РМ МКФ го одложи Купот на Македонија!

МКФ го одложи Купот на Македонија!

сподели
mkf.mk

Трагична сообраќајна несреќа ја зави цела држава во црно, 14 лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар.

Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд.

Новиот термин на одигрување дополнотелно ќе биде одреден.

Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите.

Искрено сочуство до семејствата и пријателите на загинатите.

Преземено од МКФ