ПОЧЕТНА Во позадина Мишко го истрола Чичко Стоилко

Мишко го истрола Чичко Стоилко

сподели

Српскиот суперменаџер го прозва големиот делија и поранешен играч на Црвена звезда, поранешниот репрезентативец на Македонија и капитен во Литванија, по победата на Партизан во финалето на Купот на Србија во Ниш, против Црвена звезда.

Перо, се сеќаваш ли кога беше со нас 2018 во Ниш, а ние го загубивме Купот? Се сеќавам. – вака ја почнува кратката приказна, популарниот и можеби најдобриот светски менаџер, Ражнатовиќ.

Перо, а се сеќаваш ли кога беше со нас во Подгорица 2018, кога ја загубивме титулата во АБА лигата? Се сеќавам. – продолжува Мишко, да зборува во негово и во име на нашиот Антиќ.

Перо, а се сеќаваш ли кога беше со нас во Ниш 2019 и го загубивме Купот? Се сеќавам. – вели понатаму МР.

Епа, Перо, ние заклучивме дека ти си нашиот баксуз. – го заклучува постот на Инстаграм, Мишко Ражнатовиќ, а тагнат е и перо Антиќ под неговиот алијас Чичко Стоилко.

За оние што не се упатени, Ражнатовиќ често, ако не и секогаш, користи загатки во неговите постови на Твитер и на другите социјални мрежи, со кои што нешто најавува, најчесто трансфери на играчи или нешто опишува, како во овој случај.

Познато е и дека тој и Перо Антиќ се многу блиски пријатели, особено по 2011-та кога Ражнатовиќ ја презеде улогата на менаџер на Антиќ, чија што кариера веднаш пламна, а кулминација беше настапот на Македонецот во НБА лигата.

Чекаме да ја видиме реакцијата на Перо Антиќ, која што ќе следи најверојатно во финалето на Србија или во АБА лигата, многу веројатно меѓу овие два исти ривала.

Чекаме да видиме кој ќе победи на теренот, но и на социјалните мрежи. Навиваме за Перо Антиќ, се разбира!