ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МИФТАРИ: Херис и Тејлор се играчи на Шкупи

МИФТАРИ: Херис и Тејлор се играчи на Шкупи

сподели

На три дена пред продолжението на Првата македонска кошаркарска лига, Шкупи се соочува со проблеми околу играчкиот кадар. Во последното коло од есенскиот дел се повреди Муојеке, а веднаш по новогодишните празници тимот го напуштија Тај Херис и Џозеф Тејлор кои заминаа во БиХ.

Босанските медиуми (кои се повикуваат на извори од Македонија, а во чаирскиот клуб велат дека знаат за кого станува збор) објавија дека тие веќе потпишале договор со Слобода Тузла, но тренерот на Шкупи, Енвер Мифтари тврди дека не им е дадена исписница и, формално, се играчи на чаирскиот тим.

Тај Херис тврдел дека во Македонија престојува илегално

Освен ова, босански портали последните денови пишуваат дека Американците не биле достојно третирани во Скопје поради што одлучиле да си заминат. Наводно, Херис се пожалил дека три месеци немал здравствено осигурување, дека немал пристоен кревет и сместување, но и дека во државата престојувал илегално, без да биде пријавен во МВР.

Демантот што Мифтари го испрати до босанските медиуми

Мифтари сето тоа го демантира, а за basketball.mk изјави дека ги очекува Херис и Тејлор на претстојниот натпревар од домашното првенство.

Џозеф Тејлор и Тај Херис немаат друг избор освен да се вратат во Чаир

„Тие немаат исписница и не можат да бидат регистрирани за друг клуб. На двајцата им беше изречена суспензија од клубот на 29 декември поради непримерно однесување и нарушување на имиџот на клубот и тимската атмосфера. Кога ќе се вратат ќе им биде симната суспензијата бидејќи јас сериозно сметам на нив во продолжение од сезоната”, вели Мифтари.

Претстојниот натпревар е од големо значење за Шкупи бидејќи во Чаир доаѓа Пелистер, директниот конкурент за опстанок во лигата.