ПОЧЕТНА НБА Миротиќ се пресели во Милвоки

Миротиќ се пресели во Милвоки

сподели

Црногорецот со шпански пасош, ја смени средината во НБА лигата и во продолжението на неговата кариера, ќе игра во Бакс.

Тој им се заблагодари на сите во организацијата Пеликанс, за целата поддршка што ја добивал за време на престојот во Њу Орлеанс.

Сезонава, Миротиќ има најдобри бројки во кариерата – 16.7 поени по натпревар и 8.3 скока во просек, има скоро 48% реализација од поле.

Кариерата ја почна во Реал Мадрид 2008-та година, поради што 27 годишниот кошаркар доби шпанско државјанство.

Во 2014-та се пресели во Чикаго Булс, каде што помина четири години, пред трејдот во Њу Орлеанс.