ПОЧЕТНА Куп на РМ МИРАКОВСКИ: Финалето го „добивме“ на полувреме!

МИРАКОВСКИ: Финалето го „добивме“ на полувреме!

сподели

Капитенот на Работнички го освои третиот пехар во Купот на Македонија и трет пат во дресот на најтрофејниот клуб во земјава.

Стана традиција секоја четврта година тој да триумфира во ова натпреварување бидејќи претходно го освои во 2011 и 2015.

Димитар Мираковски ја игра можеби својата последна сезона, а во неа ќе има шанса да дојде до двојната круна, прва во неговата кариера.

„Пред крајот на втората четвртина се создаде некоја нервоза меѓу нас примивме премногу поени и знаевме дека не можеме така да продолжиме. На полувреме си кажавме дека е бадијала победата против МЗТ Скопје по две продолженија ако не победиме во финалето.

Одговоривме на фантастичен начин, направивме пресврт во второто полувреме и заслужено победивме“, рече капитенот на Работнички.