ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Минута молчење во Градски парк

Минута молчење во Градски парк

сподели

Натпреварот од 3-то коло во македонскиот кошаркарски шампионат почна со едноминутно молчење во чест на неодамна починатиот генерален секретар на ФИБА, господинот Патрик Бауман.

Кошаркарските чинители ширум светот му оддадоа почит на неуморниот кошаркарски работник, кој што беше на позиција од 2003-та година.

Аплицирајте веднаш за

Швајцарецот почина во 51-та година од животот, во Буенос Аирес. Лекарскиот извештај вели дека причина за смртта е срцев удар, додека тој присуствувал на Младинските Олимписки Игри во Аргентина.

За него се вели дека е еден од најзаслужните за приемот на 3х3 баскетот во фамилијата на олимписки спортови, на следните ЛОИ во Токио 2020-та година.