ПОЧЕТНА Други репрезентации Мини турнејата во Црна Гора заврши со два пораза

Мини турнејата во Црна Гора заврши со два пораза

сподели
mkf.mk

Нашите репрезентативци до 20 години одиграа два пријтелски натпревара во подготвителниот период, за Европското првенство во рамките на Б дивизијата што ќе се игра во Бугарија.

Избраниците на Никола Василев зазгубија од домаќинот Црна Гора со 77:53, а во првиот меч беа поразени од селекцијата на Русија со 51:91.

По оваа сериозна проверка, репрезентативците од Тиват се враќаат дома, од каде што ќе заминат за Софија.

Аплицирајте веднаш за

Во Главниот град на соседна Бугарија ќе одиграме пријателски двомеч, со домаќинот на континенталниот собир, што ќе биде една од последните проверки на силите.

Треба да напоменеме дека ова се први натпревари со силни противници, за овој состав предводен од нашиот стратег кој што долги години е вон нашите граници и се обидува да ги пренесе искуствата и да постави нов систем на работа во младинската репрезентација.

Европското првенство до 20 години, почнува на 13-ти јули.