ПОЧЕТНА НБА Минесота ја продлабочи кризата во Лејкерс, но остана без тренер

Минесота ја продлабочи кризата во Лејкерс, но остана без тренер

сподели
Lakers

Полека но сигурно, Тимбервулфс градат екипа околу Карл-Ентони Таунс и Ендрју Вигинс, но ќе мора да се прилагодуваат на нов тренер затоа што Том Тибодо доби отказ поради конфронтацијата со Ол-Стар играчот Џими Батлер.

Вигинс имаше 28 поени, колку што постигна и Таунс на кои што вториов додаде 18 скока, во победата против франшизата од ЛА, со убедливи 108:86. Гостите играа без повредениот Леброн Џејмс, без кого немаат идентитет на паркетот.

И покрај четвртата најголема победа сезонава, управата на Минесота реши да му каже збогум на тренерот на средината на неговата трета сезона со екипата, во меч во кој што експертот за одбрана подготви стратегија што прими најмалку поени сезонава (86) и дозволи најмалку прецизни шутеви на противникот (36.8%).

Резултати на 6-ти јануари 2019 (ESPN)
Аплицирајте веднаш за

Ленс Стивенсон имаше 14 поени за Лејкерс, кои што имаат една победа и пет порази откако Леброн Џејмс седи на клупата, поради повредата на Божиќниот меч и победата кај Голден Стејт Вориорс.

Рондо и Кузма се исто така повредени, што резултираше со најлошиот пораз на последните 20 меча (117:85 кај Денвер на 27-ми ноември).