ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МИЛОВАНОВИЌ: Радувај се, Македонијо!!!

МИЛОВАНОВИЌ: Радувај се, Македонијо!!!

сподели

Македонската кошарка има иднина, тоа го покажаа кадетите кои на Европското првенство Б-дивизија го освоија третото место и обезбедија медал во елитата.

Меѓу оние од кои во иднина веројатно ќе се базира и сениорската селекција е Марко Миловановиќ, момче кое игра во Италија и беше предводник на оваа генерација.

Шампионатот го заврши како трет стрелец, а речиси на сите натпревари беше најефикасен во нашата селекција.

Аплицирајте веднаш за

По мечот за третото место не ги криеше емоциите за најголемиот резултат на кошаркарски план во неговиот живот.

„Постигнатиот успех е доказ за упорноста и храброста на сите 12 борци заедно со стручниот штаб.

Покажавме како се игра со срце и докажавме дека ништо не е невозможно. РАДУВАЈ СЕ, МАКЕДОНИЈО“, изјави Миловановиќ за basketball.mk