ПОЧЕТНА Европски првенства Миловановиќ во идеалната петорка на Европското првенство

Миловановиќ во идеалната петорка на Европското првенство

сподели
Марко Миловановиќ

Покрај одличниот настап на македонската селекција, дополнителна причина за задоволство ни приреди еден од најдобрите играчи во составот на Александар Јованчев.

Марко Миловановиќ е избран во идеалната петорка на Европското првенство што е сосема заслужено ако се има предвид неговиот ефект.

Аплицирајте веднаш за

Нашиот репрезентативец просечно постигнуваше по 19,3 поени, 8,6 скока и 3,1 асистенции по натпревар, а заврши како трет стрелец и трет “крадец” на шампионатот.

За најкорисен играч е прогласен Павел Савков од селекцијата на Русија, а во идеалната петорка се уште неговиот соиграч Александр Евсеев, Алем Хусеиновиќ од БиХ и Ондреј Ханзлик од Чешка.