ПОЧЕТНА Избор на уредникот МЗТ трокира, кога Боки не реализира

МЗТ трокира, кога Боки не реализира

сподели

Ударниот двоец на македонскиот шампион, сезонава, без двојба е дуото Стојановски-Трајковски, или Трајковски-Стојановски, во двата случаја се работи само за номенклатурата, односно на кого како му звучи поубаво.

Евидентно е, во првите три натпревари кои што и не се малку да се дојде до заклучок, дека учинокот на Бојан Трајковски е круцијален за успесите на МЗТ Скопје Аеродром. Тоа е така, сакал некој да признае или не.

Аплицирајте веднаш за

Тука, зборуваме за Трајковски и ќе претпоставиме дека Дамјан Стојановски игра константно, иако и од него треба да очекуваме многу повеќе, како што ќе се загрева сезоната. Сепак, треба да сме трпеливи – човекот се врати по едногодишна пауза, по повредата на коленото.

Бојан Трајковски постигна 20 поени за скоро 33 минути против Партизан, МЗТ победи. За 26 минути против ФМП имаше 10 поени, МЗТ загуби. За 19 минути против Задар постигна 9 поени, МЗТ загуби.

Нашиот повремен репрезентативец или бележи пад во формата на стартот на сезоната, или наметна високо темпо против црно-белите, трето нема.

За скоро 75 минути во игра постигна 39 поени, или за 25 минути има 13 поени по натпревар. Просекот не е лош.

Моментот со процентуалната реализација на третиот натпревар (што е негов најдобар процент во првите три дуели) ни дава право да се надеваме дека тие 9 поени и 19 минути беа само лош ден, „лош“ учинок на кој што му кумуваа и четирите досудени лични грешки, па и петтата, која што НЕ ПОСТОЕШЕ.

Трајковски шутираше од поле со 44.4% против Задар, 16.7% против ФМП и 41.2% против Партизан.

Има скоро 7 дефанзивни скока по натпревар и скоро 1 офанзивен, една асистенција по меч, скоро една блокада, една украдена и две загубени топки. Солидно.

Консистентноста е неговиот најолем проблем. Игра во променливо расположение, многу лесно го иритираат противничките играчи и судиите.

Тоа се фактори кои што мора да ги занемари, за подобар перформанс и во крајна линија за подобри резултати, негови и на неговата екипа.

Знаеме дека може, прашање е само кога „ќе му светне“!!!