ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ со +14 на полувреме

МЗТ со +14 на полувреме

сподели

Второпласираниот тим во домашното првенство има убедливо водство од 28:42 по 20 минути игра во дербито на 15-тото коло против Гостивар.

Вицешампионот одлично го почна натпреварот, поведе со 0:7 пред домашниот тим да направи пресврт и да дојде во водство од 10:9.

Клучен момент беше влегувањето во игра на Марко Симоновски кој постигна четири тројки по ред од пет шута по што МЗТ Скопје поведе со 14:23.

Функционира и скокот на гостите кои имаат седум прифатени топки повеќе (22:15) како резултат на што речиси цела втора четвртина предноста е двоцифрена.

Уште се чека првиот поен на новото засилување на Гостивар, Бојан Трајковски, а најефикасен во домашниот тим е Костоски со 10 поени.