ПОЧЕТНА АБА МЗТ Скопје ја продолжи серијата, но и го доби Самарџиски

МЗТ Скопје ја продолжи серијата, но и го доби Самарџиски

сподели

Четврта победа по ред во АБА 2 и вкупно шеста заедно со домашното првенство за македонскиот вицешампион.

Не се очекуваше ништо помалку во дуелот со последнопласираниот Вршац, но кошаркарите на Ѓорѓи Кочов рутински ја завршија својата работа и победија со 78:69.

Многу подобро го одиграа првото полувреме кое им припадна со 41:29, но малку недостасуваше во третиот период да ја загубат високата предност. Гостите почнаа да играат одлично, во првите четири минути направија серија од 15:2 и поведоа со 43:44, но сето тоа, за среќа на аеродромци, траеше кратко.

Аплицирајте веднаш за

МЗТ Скопје врати со серија од 10:0, третата четвртина ја заврши со +4 (55:51), а во последната го дотолчи противникот.

Новото засилување во тимот Предраг Самарџиски го предводеше нашиот претставник со 17 поени и шест скока и тоа е одлична вест за Кочов пред завршницата од Купот на Македонија.

Во следното коло МЗТ Скопје го очекува тешко гостување кај Динамик кој до минатиот круг беше во серија од пет победи.