ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје со половина сили до победата против АВ Охрид

МЗТ Скопје со половина сили до победата против АВ Охрид

сподели
фото: mztskopjeaerodrom.mk

Актуелниот шампион делумно ги залечи раните од поразите во АБА лигата совладувајќи го АВ Охрид во заостанатиот натпревар од 10. коло со 77:62.

Гостите го искористија фактот што МЗТ Скопје настапи без Соколов и Симоновски, па долго време беа конкурентни и не му дозволуваа на фаворитот резултатски да се одлепи. Првпат до двоцифрена предност МЗТ Скопје дојде во 27. минута кога поведе со 54:44, а до крајот АВ Охрид немаше сила да се врати во игра.

Тренерот Жељко Лукајиќ ја распореди минутажата на сите кошаркари, најдолго на теренот беше капитенот Дамјан Стојановски, па логично, тој беше и најефикасен во тимот со 19 поени.

Во тимот на АВ Охрид, Рос постигна 25 поени, но со доста лош шут од поле – 8/25 и 8/14 од линијата за слободни фрлања.