ПОЧЕТНА Куп на РМ МЗТ Скопје сочувствува со Гостивар

МЗТ Скопје сочувствува со Гостивар

сподели
Момет од првото гостување на новиот Гостивар, во Аеродром...

Кошаркарскиот прволигаш МЗТ Скопје Аеродром изразува искрено сочуство до семејствата и пријателите на загинатите 14 лица во страотната несреќа кај Карпалак.

На повредените им посакуваме брзо опоравување и заборавање на ужасот кој им се случи.

Истовремено, изразуваме сочуство до нашите големи спортски пријатели од КК Гостивар за што полесно да ја надминат загубата на нивниот кошаркар Јовица Трпевски.

Реакцијата е преземена од официјалниот ФБ профил на МЗТ Скопје Аеродром, а потсетуваме и дека нашиот национален Куп е одложен, поради страотната трагедија, по инсистирање на КК Гостивар.

Освен ривали, овие два колектива се и големи пријатели вон теренот. Тоа беше докажано и на последното спектакуларно дерби, одиграно во салата Младост.

Повеќе кошаркари или кошаркарски работници, во своите кариери ги носеа дресовите на двата клуба, како што тоа е случај со Бојан Трајковски на насловната фотографија.