ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје си обезбеди уште еден тим во Првата лига

МЗТ Скопје си обезбеди уште еден тим во Првата лига

сподели

Втората екипа на аеродромскиот клуб победи во плеј-офот за пласман во елитата и е шампион на Втората лига на Македонија за оваа сезона.

Во возвратниот финален натпревар против ФМП Академија, МЗТ Скопје 2 победи со 66:77 и го анулираше минималниот пораз од првиот меч (86:87) на домашен терен.

Ова значи дека вториот тим на МЗТ Скопје има право на настап во Првата лига за идната сезона, но дали ќе го искористи, дополнително ќе се знае. Овој клуб функционира како посебен правен субјект, со своја жиро сметка и поради тоа не постои конфликт на интереси, односно евентуална нерегуларност ако игра во исто натпреварување со МЗТ Скопје Аеродром.

Во следниот период раководните луѓе ќе направат анализа дали постојат услови за играње во елитата, дали има буџет за такво нешто и врз основа на тоа ќе се донесе конечната одлука.

Што се однесува до ФМП Академија, овој клуб ќе игра бараж за пласман во Првата лига со 11-пласираниот Шкупи.