ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје на седмо небо

МЗТ Скопје на седмо небо

сподели
КФСМ

Шампионската титула повторно ја смени својата локација, по една година во Градски парк, се врати во Аеродром.

МЗТ Скопје е нов првак откако во третиот натпревар од финалната серија го победи Работнички со 85:78, за вкупно 3:0. Првпат во историјата најтрофејниот македонски клуб загуби едно финале без да оствари победа.

КФСМ

Но, Работнички се соочи со многу проблеми и пред и за време на третиот натпревар. Поради повреди не играа Мираковски, Караџовски и Николовски, а во првата четвртина на повреда се пожали и плејмејкерот Бобан Стајиќ.

Но, дури и во такви услови тимот од Градски парк одигра одлично прво полувреме. МЗТ Скопје имаше 26:16 на крајот од осмата минута и се чинеше дека овој натпревар ќе биде како првиот од финалната серија.

Работнички врати со 8:0, во вториот период ја стабилизираше својата игра, а во 19-тата минута имаше +10 (44:54). Функционираше шутот, гостите постигнаа девет тројки од 18 обиди, а фантастичен беше Чековски кој во првото полувреме постигна 15 поени.

Но, најтрофејниот тим играше додека ветеранот можеше. Во третиот период се почувствува неговиот замор и тогаш Работнички застана. Домашната екипа за пет минути ја анулира негативата и со тројката на Медфорд поведе со 59:58. Работнички и тогаш не се предаде, но водството на МЗТ Скопје се зголемуваше од минута во минута.

Во последната четвртина проработе шутот и на домашните кошаркари, Маслинко погоди тројка, потоа Медфорд и Иванов и на четири минути пред крајот беше 82:72. Екипата од Градски парк се обиде да ја продолжи неизвесноста уште некоја минута, но со тој играчки кадар не беше способен да направи нов пресврт.

МЗТ Скопје ја доби битката под кошевите, имаше 13 прифатени топки повеќе од противникот и тоа е еден од главните елементи за победата.

Иве Иванов со 23 поени, 7 скока и 7 асистенции беше најдобар поединец на натпреварот. Чавдар Костов и Ѓорѓи Чековски со по 17 поени го предводеа Работнички.