ПОЧЕТНА Младински школи МЗТ Скопје и BCHS со победи на турнирот во Аеродром

МЗТ Скопје и BCHS со победи на турнирот во Аеродром

сподели

Во организација на младинската школа на МЗТ Скопје, се одржува меѓународен турнир на кој покрај домаќинот, учествуваат Работнички, Буба Баскет од Софија и Blackhawk Christian High School од Форт Вејн, Индијана.

На стартот, комбинираниот состав на тимот од Аеродром ги совлада гостите од Бугарија со 103:68, а Американците славеа против Работнички со 91:57.

Во продолжение од турнирот, МЗТ Скопје ќе се сретне со Работнички, а BCHS со Буба Баскет.

Од 18 јуни, кога американските средношколци пристигнаа во Скопје, младите кошаркари на МЗТ тренираа и играа меѓусебни дуели со нив.