ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје жнееше злато во Полска, Војновиќ и Лисичков МВП

МЗТ Скопје жнееше злато во Полска, Војновиќ и Лисичков МВП

сподели

Младите селекции на аеродромци го освоија првото место во У14 и У13 турнирот што се одигра во Краков, слеекцијата У16 освои бронза, а Тео Војновиќ беше прогласен за најдобар играч во неговата категорија.

Во финалето под 14 години, МЗТ славеше против Пиотровка, со 79:58. Најмладите победија во финалето со 42:50 против Превиѕа.

Аплицирајте веднаш за

Во У16 натпреварувањето, Давид Трпески беше дел од идеалната петорка. Во У14 селекцијата, МВП беше Тео Војновиќ. Томе Лисичков беше избран за МВП во најмалата генерација, додека неговиот соиграч Лука Марјановиќ беше дел од идеалната петорка.

Во најдобрата петорка влезе и Бојан Стојановски, член на У-15 тимот.

Тео Војновиќ – МВП (У14)

Овие резултати се само потврда на добрата насока во која што се движи младинската школа на МЗТ Скопје Аеродром, клуб што пред извесен период беше пофален и од раководството на МКФ, како еден од најсериозните, а можеби и најсериозен во моентов, во однос на посветеноста на младите селекции.