ПОЧЕТНА АБА МЗТ Скопје е убедливо најефикасен тим во АБА 2

МЗТ Скопје е убедливо најефикасен тим во АБА 2

сподели

Тотална трансформација доживеа оваа сезона македонскиот вицешампион во регионалното натпреварување.

Иако не е на лидерската позиција, МЗТ Скопје игра највозбудлива кошарка, два од четирите натпревара беа одлучувани во продолженија, а на неговите настапи има најмногу поени.

Во досегашните шест кола од АБА 2, составот на Ѓорѓи Кочов е убедливо најефикасен, со 549 поени, 57 повеќе од второпласираниот во оваа статистичка категорија – Сутјеска. Во просек, нашиот тим постигнува 91,5 поени по натпревар, а веќе два пати ја достигна границата од 100.

Аплицирајте веднаш за

Како последица (или причина) на ова, МЗТ Скопје има и најмногу шутеви од игра, во просек по 68 на натпревар, а играчите на нашата екипа го погодуваат речиси секој втор обид (49,26%). Подобар ефект има само Сплит кој е на десеттата позиција во оваа категорија со 58,17 обиди на натпревар, но со 50,72% успешност.

Во „Јане Сандански“ само Борац во второто коло си замина со помалку од 90 поени, ама и тимот од Чачак не успеа да се спаси од пораз. Проблем се натпреварите на гостински терен иако и на нив МЗТ Скопје одеше над 80 поени.