ПОЧЕТНА Младински школи МЗТ Скопје домаќин на американски средношколци

МЗТ Скопје домаќин на американски средношколци

сподели

Од 18 до 22 јуни, младите кошаркари од Аеродром ќе другаруваат со свои врсници од САД.

На гости на МЗТ Скопје доаѓаат десетмина средношколци од Blackhawk Christian High School од Форт Вејн, Индијана. Кошаркарите се на возраст од 16 до 18 години и во Скопје доаѓаат по нови искуства.

Нивното гостување се реализира со помош на поранешниот кошаркар на шесткратниот македонски шампион Ѓорѓе Војновиќ преку неговите конекции во САД. Соработката меѓу МЗТ Скопје и Blackhawk Christian High School нема да застане тука, туку ќе продолжи на повисоко ниво во следниот период.

Во петте дена во Македонија планирано е да тренираат заедно со младите играчи на МЗТ, но и да ги видат убавините на земјата преку прошетки низ Скопје и Охрид.

За крај ќе биде одржан и турнир на кој, покрај МЗТ Скопје и Blackhawk Christian High School ќе учествуваат уште Работнички и Буба Баскет од Бугарија.