ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје договори американски плејмејкер

МЗТ Скопје договори американски плејмејкер

сподели
Џордан Крофорд (десно) во акција

Џордан Крофорд треба да биде последното засилување за МЗТ Скопје оваа сезона. Според информациите од Аеродром, тој е договорен и се очекува викендов да пристигне во Скопје, а дебито ќе го забележи во дуелот со Црвена Звезда в понеделник.

Со него треба да се реши проблемот на плејмејкерската позиција со кој се соочува тренерот Жељко Лукајиќ од своето доаѓање.

Крофорд има 27 години, висок е само 168 сантиметри, а последен клуб во кој настапувал е Мемфис Хасл во НБА Г-лигата. Одиграл 27 натпревари со просек од 8,9 поени и 3,5 асистенции.