ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје го расипа кошаркарскиот празник во Гостивар

МЗТ Скопје го расипа кошаркарскиот празник во Гостивар

сподели

Премногу лесно МЗТ Скопје дојде до победата не можеби најтешкото гостување во Првата македонска кошаркарска лига.

Од реновираниот тим на Гостивар, дополнет со еден Американец и Бојан Трајковски се очекуваше борба до последен момент, а победникот беше познат веќе по првото полувреме.

На крајот убедливи 61:74 за вицешампионот кој на фантастичен начин ја најави завршницата од Купот на Македонија каде сигурно ќе биде прв фаворит за пехарот.

Аплицирајте веднаш за

Гостивар беше во егал само во првата половина од првата четвртина во која имаше и водство од 10:9. Влегувањето на Марко Симоновски ги смени работите, репрезентативецот постигна четири тројки по ред и веќе на влезот на вториот период беше 23:14.

Домашната екипа веќе тука ја загуби рутината, почна да брза и да прави почетнички грешки, а искусните кошаркари на МЗТ Скопје максимално го користеа тоа. На пауза се замина со 42:28, предност која Гостивар во вториот дел не успеа да ја загрози.

Во третиот период беше +20, највисока предност за гостинската екипа на која и остана само рутински да го приведе натпреварот кон крајот.

Симоновски и Иванов со по 17 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје, Костоски го предводеше Гостивар со 19.

Поразот за домашниот тим е болен поради огромната желба за победа и преполните трибини во салата „Младост“ во која имаше околу 2.500 гледачи, слика која речиси не постои на другите терени. Од друга страна, Гостивар има време да се воигра и во следниот период да атакува и на највисок пласман.

На овој меч за противник го имаше тимот кој најдолго време е заедно, а во овој дел од сезоната дополнет со поранешниот репрезентативец Предраг Самарџиски.