ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје има ѕвер – Андреј Маслинко

МЗТ Скопје има ѕвер – Андреј Маслинко

сподели
фото: mztskopjeaerodrom.mk

Андреј Маслинко ја доби шансата од тренерот Лукајиќ што за него ја побара basketball.mk и максимално ја искористи. На натпреварот меѓу Карпош Соколи и МЗТ Скопје со кој е затворено 12. коло од Првата кошаркарска лига, крилниот играч одигра 35 минути и постигна 34 поени, 12 скока и три асистенции за индекс 44.

МЗТ Скопје победи со 101:60, но тоа на сите им беше јасно уште пред да почне мечот. Најдоброто од овој дуел е тоа што Маслинко потврди дека на него треба сериозно да се смета и дека е способен за големи работи.

Натпреварот против Карпош Соколи му послужи на Лукајиќ да направи нешто посериозен тренинг пред многу поважниот меч против Црвена Звезда од АБА лигата.

Кај Карпош Соколи, Петровски беше најефикасен со 16 поени, а капитенот Атанасов додаде 15.