ПОЧЕТНА АБА МЗТ се ложи на црвено, Борац оксидира во Аеродром

МЗТ се ложи на црвено, Борац оксидира во Аеродром

сподели

Старт на сезоната за МЗТ Скопје како од најубавите сништа на тренерот Ѓорѓи Кочов – два од два во АБА 2 и тоа на убедлив начин.

Ако оној триумф против Хелиос во првото коло беше на некој начин очекуван и планиран, леснотијата со која нашиот вицешампион излезе на крај со (на хартија) еден од фаворитите за висок пласман Борац Чачак, навистина ги воодушеви навивачите на тимот од Аеродром.

Аплицирајте веднаш за

МЗТ Скопје славеше со 82:57, потврдувајќи дека поседува квалитет и за играње во елитната конкуренција од АБА лигата. Борац во македонската престолнина не издржа ни една четвртина и тоа е најдобар доказ за односот на силите на двете екипи.

Израмнето беше во првите осум минути, МЗТ тогаш водеше со 12:10, но следуваше серија од девет поени до крајот на првата и почетокот на втората четвртина за првото поопипливо водство (21:10). Доминираше Бојиќ, но сите што се појавија на паркетот го дадоа максимумот и тоа веднаш даде резултат.

Во вториот период нашиот тим ја одржуваше предноста за пред крајот повторно да додаде гас и на пауза да замине со високи 14 поени предност (40:26).

Се што Борац успеа да направи е да намали на осум поени негатива (47:39) во 26. минута, но МЗТ Скопје ја заврши третата четвртина со серија од 9:0 и стигна до +20 (62:42). Јасно беше дека нема повеќе враќање за гостите и дека ќе претрпат убедлив пораз.

Лестер Медфорд со 18 поени беше најефикасен во домашната екипа, но мора да се истакне играта на двата краја од теренот на Џејмс Вудард кој заврши со 12 поени, пет скока и седум украдени топки.

Во третото коло, нашиот тим го очекува првото гостување и тоа кај Приморска.