ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ не знае да игра кошарка? Гледајте што прават неговите противници!

МЗТ не знае да игра кошарка? Гледајте што прават неговите противници!

сподели
фото: zadarski.hr, Hanza Media

Нашата екипа загуби во бараж серијата за влез во АБА лигата, претходно беше поразена и во финалето на АБА2 лигата, по што кошаркарските „познавачи“ веднаш тргнаа со дрва и камења по македонскиот вицепрвак.

Задар победи во Загреб против Цедевита (78:84) и изедначи на 2:2 во полуфиналето на хрватскиот шампионат и ќе игра мајсторка дома. Цедевита има евролигашки буџет, играше во Топ 16 во УЛЕБ Еврокупот, играше мајсторка во полуфиналето на АБА лигата против Будуќност.

Приморска ја совлада Крка со 2:0 во полуфиналето во Словенија и ќе игра финале, со Олимпија која што ги загуби последните 4 средби од моментално најдобриот тим во оваа земја. На последните 19 меча Приморска нема пораз, а има само 5 порази на последните преку 40 натпревари.

МЗТ Скопје одигра 33 натпревари во 55 дена, што е НБА распоред. Пред да се коментира за спортот, треба да се има елементарно познавање на материјата, не од ТВ екраните или од трибините, туку суштинско познавање на предметот што е тема на „елаборирање“.