ПОЧЕТНА Куп на РМ МЗТ мора преку ко-домаќинот за дуел со вечниот ривал

МЗТ мора преку ко-домаќинот за дуел со вечниот ривал

сподели

Бранителот на титулата во Купот на Македонија има шанса првпат во историјата да стане најтрофеен клуб во ова натпреварување ако го одбрани пехарот освоен лани во Кавадарци.

Во последните седум години МЗТ Скопје пет пати го подигнуваше пехарот, а и сега влегува како голем фаворит иако е второпласиран во првенството.

Прв противник на завршниот турнир ќе му биде ко-домаќинот Кожув од кого доживеа сензационална елиминација во 2015 година на домашен терен.

„Ние како МЗТ имаме обврска да победуваме на секој меч. Но, сите екипи кои се најдоа тука се квалитетни. Би сакал да побарам една добра игра од мојот тим, па нека победи подобриот.

Што се однесува до распоредот и полуфиналето, Работнички е далеку, за да се стигне треба да го поминеме Кожув кој е домаќин и се засилија. Првата пречка е Кожув. Не жалиме што евентуално ’вечно дерби’ е во полуфинале, за да победиш мора да ги победиш сите. За нас нема никакво значење“, изјави тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.

Александар Јончевски своите најголеми успеси во тренерската кариера ги оствари како тренер на МЗТ Скопје. Сега на клупата на Кожув ќе се обиде да подготви замка за деветкратниот освојувач на Купот на Македонија.

„Верувам дека овој Куп ќе биде одлично организиран. Бевме сведоци на последниот настап на националниот тим. Не чека натпревар со МЗТ, имавме големи промени во ростерот. Потајно посакуваме да направиме изненадување“, вели Јончевски.