ПОЧЕТНА Некатегоризирана МЗТ и врати на Рогашка

МЗТ и врати на Рогашка

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Македонскиот претставник ја совлада словенечката екипа и по 20 кола во АБА2 лигата се зацврсти на 3-та позиција на табелата.

Со резултат 84:70 металците се реваншираа за поразот во претходниот меѓусебен меч (102:90) и осоколени влегуваат во завршницата на регуларниот дел.

Словенечкиот тим беше подобар само во првата четвртина која му припадна со 16:19. Вториот период почна со серија од 12:2 на МЗТ Скопје кој ја презеде контролата над резултатот до крајот го растури противникот.

Нашиот тим беше особено убедлив во третата четвртина која му припадна со 26:9 и во која водеше и со 26 поени разлика (70:44). Подоцна Рогашка успеа да намали нешто, но тоа се случи во периодот кога на теренот беа играчите на МЗТ Скопје кои обично имаат помала минутажа.

Тренерот Ѓорѓи Кочов одлично ја распореди минутажата на своите кошаркари, ниеден од нив не одигра повеќе од 26 минути и им ги сочува силите за трите важни натпревари во следните две недели.

Со оваа победа МЗТ Скопје математички го обезбеди пласманот во плеј-офот од АБА 2. Во последните две кола, аеродромци ќе играат за што подобар пласман во поредокот со двата директни плеј-оф ривали, кај Сутјеска и со Спарс, а во меѓувреме ги очекува и дербито против Работнички во Градски парк.

Двоциферени стрелци кај домаќинот беа Бојиќ со 17 поени, Иванов со 14 поени, Вудард со 13 поени, Медфорд со 14 поени и Самарџиски со 10 поени.