ПОЧЕТНА АБА МЗТ дома игра како по ноти

МЗТ дома игра како по ноти

сподели
фото: МЗТ Скопје / Петр Стојановски

На крилата на тројца од странците, помогнати од Магдевски, кошаркарите на МЗТ Скопје стигнаа до битна победа во одржувањето на идејата за враќање во регионалната АБА елита.

druga.aba-liga.com

Колкава и да е разликата во квалитет меѓу двете екипи, што е илустрирано преку резултатот, победа против поранешен европски шампион е придобивка и за мотивите за понатаму и за биографијата на клубот.

druga.aba-liga.com

Иако најдобри стрелци кај МЗТ Скопје беа Вудард и Бојиќ со по 18 поени, а на натпреварот Калајжиќ од Сплит со 19 поени, сепак МВП признанието му припаѓа на Медфорд.

druga.aba-liga.com
Аплицирајте веднаш за

Аеродромци го натскокаа противникот, особено во неговиот рекет што беше еден од виталните елементи за победата. Имаа повеќе тимски асистенции, повеќе украдени и помалку загубени топки.

druga.aba-liga.com

Во ситуација на скоро изедначени бројки во процентите, повеќето прифатени топки им дадоа на домашните играчи повеќе шанси за поентирање, што на крајот беше изразено низ разликата од 17 поени.

druga.aba-liga.com

Освен Митев, сите играчи на штрковите добија шанса. Од македонските имиња најмногу се истакна Андреј Магдевски кој што постигна 13 поени со 4 асистенции и со 4 скока. Симоновски постиигна 3 тројки од 4 обиди.

фото: МЗТ Скопје / Петр Стојановски

По шест одиграни натпревари, металците имаат четири победи – сите на домашен терен – и два пораза, на гостувањата кај Сикст Приморка и кај Зрињски. Сезоната ќе биде долга, а следниот меч е гостување кај Вршац.