ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ води, но мора да внимава на шутот на Гостивар во второто...

МЗТ води, но мора да внимава на шутот на Гостивар во второто полувреме

сподели

Аеродромци имаат предност 23:38 на крајот на првите 20 минути игра, но во финишот на првото полувреме се разбуди Диме Тасовски со две врзани тројки.

Атмосферата ја подгреа и американскиот интернационалец во редовите на домашните, Никс Таварион кој што имаше ефектно забивање.

Најдобар стрелец по првите две четвртини е Јуре Лалиќ од МЗТ Скопје со 10 поени, 9 има Диме Тасовски од Гостивар, Марко Симоновски има 8 поени во редовите на шампионот.

Дамјан Стојановски има 7 скока, а Џордан Крафорд има 5 асистенции кај гостите. Ова е последен натпревар од 17-то коло во домашното првенство. МЗТ е на 3-та, а Гостивар на 5-та позиција.