ПОЧЕТНА А Репрезентација Ме викаа сите, решив да играм за мојата Македонија

Ме викаа сите, решив да играм за мојата Македонија

сподели

При распадот на поранешната држава, во 1992-та година добив покани и од српскиот и од хрватскиот сојуз, да настапувам под нивното знаме, вели актуелниот претседател на МКФ, Петар Наумоски, во интервју за српскиот медиум Блиц.

„Чувствував потреба да играм за репрезентацијата на Македонија. Имав шанса со Србија да освојам некои одличја кои што немаат цена, но никогаш не сум се покајал за мојот избор.

FIBA

Тоа беа наши почетоци, се развивавме како тим. Играв заедно со Врбица Сфетанов, со Тодор Гечевски.

Успеавме да се пласираме на ЕП 1999, кога во последните секунди загубивме од домаќинот Франција, не играв против Југославија и повторно загубивме во последните секунди и против Израел, на натпревар на кој што го повредив скочниот зглоб.

Страв и трепет за сите – македонската селекција на ЕП во Литванија, бајката што нема да се повтори никогаш.

Таа наша репрезентација, подоцна засилена со Перо Антиќ и со останатите, успеа да направи огромен успех и да се пласира во 1/2 финалето и да го освои 4-то место на ЕП 2011-та година во Литванија.“ – вели Наумоски, за Блиц.