ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Меѓународните искуства се круцијални во развојот, Работнички и Гостивар беа во Белград

Меѓународните искуства се круцијални во развојот, Работнички и Гостивар беа во Белград

сподели
КК Гостивар

Младинските школи на нашата најтрофејна екипа и на повратникот во првата лига, во заедничка акција беа на посета во српската престолнина.

„Во Белград отидовме на покана на младинската школа на Црвена звезда, поточно од нивните младински кординатори Александар Баста и Александар Змијанац.

Бевме заедно со генерацијата М16 од КК Работнички предводена од Ристе Стефанов.

КК Работнички

КК Гостивар учествуваше со две генерации, М16 и М18.

Одиргавме два натпревара против нивните академски селекции, бевме многу добро пречекани и сите деца добија награди.“ – изјави за basketball.mk Петар Ангелов, од КК Гостивар.

Младите кошаркари имаа прилика да играат против врсниците на Црвена звезда и воедно да проследат еден евролигашки натпревар во живо.

„Дел од нашите кошаркари учествуваа и на наградниот дел на полувремето на евролигаскиот натпревар меѓу Звезда и Уникаха Малага.

КК Гостивар

Сето ова беше едно големо искуство за нашите младинци и мотивација за понатаму да продолжат да тренираат, затоа што тие се иднината на македонската кошарка.“ – рече Ангелов.

Двајцата наградени на полувремето, кои што учествуваа во натпреварот во шутирање за 24 секунди, се Златко Јовицоски и Роберт Стрезоски.