ПОЧЕТНА Интернационалци „Метла“ за Олденбург, заврши сезоната за Војдан

„Метла“ за Олденбург, заврши сезоната за Војдан

сподели
фото: easycredit-bbl.de

Баерн и Алба ќе играат во финалето од плеј-офот од Бундеслигата, а двете екипи идната сезона ќе учествуваат во Евролигата.

Алба со 3:0 го елиминира тимот на Олденбург чиј член е македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски.

Во третиот натпревар на домашен терен Олденбург загуби со 89:100 и не успеа да обезбеди пласман во финалето, со тоа и можност да се бори за место во европската кошаркарска елита.

Војдан одигра речиси 19 минути и постигна два поена и две асистенции. Со ова за него заврши сезоната која може да се каже дека беше исклучително успешна затоа што со својата екипа го освои второто место во основниот дел од првенството.