ПОЧЕТНА Избор на уредникот МЕМОАРИТЕ ШТО ГО РАЗНЕЖНУВААТ И НАЈЖЕЛЕЗНОТО СРЦЕ: Приказната за Работнички и Јанко...

МЕМОАРИТЕ ШТО ГО РАЗНЕЖНУВААТ И НАЈЖЕЛЕЗНОТО СРЦЕ: Приказната за Работнички и Јанко Луковски

сподели
ФОТО: Нова Македонија

Долгогодишниот новинар и коментатор во Македонската Телевизија, во спортската редакција, се сеќава на едно време кога спортот беше повеќе од спорт, кога тоа беше искрена и чиста содржина далеку од валканиците што ја следат денес.

Зоран Михајлов, за Нова Македонија пишува за времето кога дресот на нашата најтрофејна екипа го носеше еден виртуоз, со име Јанко Луковски.

Македонија нема и немала многу вакви спортисти, но како што покажува времето, Македонците не знаат да си ги ценат и почитуваат, односно искористуваат ваквите потенцијали.

Аплицирајте веднаш за

Јанко Луковски одамна е заборавен и замрзнат, далеку од нашето кошаркарско секојдневие. Чија е вината воопшто е ни битно, дали тој самиот или чинителите на кошарката кај нас, важно и жално е што тој не го пренесува она што го знае и умее на оние што треба(ше) да го следат.

Сеќавањата почнуваат вака:

Кошаркарите на Работнички вo годините по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година беа вистински хит.

Преку ноќ тие станаа миленици за спортската публика, која секогаш, особено по првото влегување во елитната југословенска лига, им даваше максимална поддршка.

Едноставно КК Работнички стана спортски синоним на Македонија, не само на просторите на поранешната држава, туку и во Европа.

Во периодот кога го доживуваше својот расцут, можеби немаше играчи со којзнае какви кошаркарски предиспозиции, но затоа, пак, тие имаа срце и душа, имаа карактер.

Токму тој адут го искористи легендарниот Лазар Лечиќ, кој од истите тие кошаркари создаде еден цврст и хомоген тим.

Со неговата појава почна да се осовременува играта под кошевите, па како резултат на тоа дојде до доближување на македонската до југословенската кошарка…

Почитајте повеќе на следниот линк и научете нешто повеќе за нашата кошарка, колку таа вреди и каков потенцијал носи со себе. Одвојте неколку минути од вашето бесценето време…

НАПОМЕНА: Содржината е комплетно преземена од Нова Македонија, воведот е став на редакцијата на basketball.mk и не е директно авторски поврзана со содржината што е преземена.