ПОЧЕТНА Некатегоризирана МекКолум се претвори во Супермен, тренерот го седна на клупа

МекКолум се претвори во Супермен, тренерот го седна на клупа

сподели
КЏ МекКолум

Портланд славеше против Чикаго со 124:108 во натпревар што беше симултанка на еден кошаркар, кој што на крајот го заврши дуелот со 50 поени за три четвртини.

Си Џеј МекКалум имаше 28 поени во првата четвртина, што е рекорд на франшизата Треилблејзерс и најдобар индивидуален скор оваа сезона. Мечот го заврши со шут 18/25, по што тренерот едноставно го седна на клупата да го одмори и не го врати во игра, иако публиката го бараше назад на паркетот.

Тоа беше негов прв натпревар со 50 поени, 10-ти во историјата на Портланд, а МекКалум е само седмиот член во клубот 50 на оваа франшиза заедно со Дејмијан Лилард, Дејмон Стадемаер, Клајд Дрекслер, Брендон Рој, Андре Милер и Џеф Петри.

Си Џеј МекКалум е првиот играч со 50 поени за 30 или помалку минути, по Клеј Томпсон од Голден Стејт Вориорс кој што реализира 60 за 29 минути, на 5-ти декември 2016-та против Индијана Пејсерс.