ПОЧЕТНА Европски лиги МекКејлеб се врати во стариот клуб

МекКејлеб се врати во стариот клуб

сподели

Поранешниот македонски репрезентативец ќе продолжи таму каде што застана пред половина година.

Шпанскиот прволигаш Сарагоса успеа да го врати Лестер Бо МекКејлеб откако во февруари двете страни беа принудени да ја прекинат соработката поради смртта на мајката на кошаркарот. Оттогаш Американецот со македонски пасош не играше активно кошарка освен што настапи на еден турнир во САД летово.

https://twitter.com/BasketZaragoza/status/1027856907879542784

За двата месеца колку што беше член на Сарагоса одигра 11 натпревари со просек од 11,9 поени, 2,7 скока и 3,7 асистенции со што потврди дека уште е во одлична форма.

Со неколку прекини, МекКејлеб е во Шпанија повеќе од две години. Пожна во Гран Канарија каде играше една година, а потоа се пресели во Сарагоса. Она што го испушти минатата сезона, може да го надополни сега.