ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мекиќ си оди од МЗТ, бара повеќе минути

Мекиќ си оди од МЗТ, бара повеќе минути

сподели
Завршува тригодишниот престој во МЗТ Скопје за Адем Мекиќ

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ последен пат ќе го облече дресот на МЗТ Скопје на гостувањето кај Олимпија.

Како што дознава basketball.mk, тој побарал и од клубот добил раскин на договорот. Наводно, Мекиќ не бил задоволен од минутажата во тимот и сакал да се пресели во екипа каде што ќе поминува повеќе време на паркетот.

Уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата

Мекиќ дојде во МЗТ Скопје од Вардар пред три години, како еден од најталентираните кошаркари во генерацијата 1995.

Аплицирајте веднаш за

Настапуваше во домашното првенство и во АБА лигата, со тимот од Аеродром освои три титули во шампионатот и две во купот на Македонија.

Неофицијално, интерес за Мекиќ покажале еден македонски и еден словенечки прволигаш.