ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЕКИЌ: Поразот од Работнички нема да не вознемири и да не деконцентрира

МЕКИЌ: Поразот од Работнички нема да не вознемири и да не деконцентрира

сподели
Серијата на кумановци тргна со доаѓањето на Адем Мекиќ

Екипата на Куманово скапо ја продаде кожата во „Градски парк“ и покажа дека сезонава ќе биде сериозен конкурент за висок пласман и дека може да предизвика турбуленции, особено во куп натпреварувањето, кое што ќе се игра во втората половина од февруари.

Кумановци ја почнаа натпреварувачката година лошо, на два фронта, но откако се екипираа со наши репрезентативци и откако се откажаа од БИБЛ лигата, стануваат екипа за респект во тековната сезона.

„Во Скопје одигравме квалитетен натпревар, иако имавме мал пад во третата четвртина. Успеавме да се вратиме и да влеземе во егал завршница, но сепак искуството на играчите на Работнички беше пресудно.

Овој пораз нема да влијае на нас и на нашата форма, бидејќи игравме добро и сме во добра форма во периодов, а следуваат натпревари во кои што сме благи фаворити.

Во периодот што ни претстои, треба да одиграме на нашето максимално ниво и да обезбедиме што подобра позиција на табелата.“ – рече за basketball.mk, Адем Мекиќ.

Следниот предизвик за кумановци ќе биде натпреварот со АВ Охрид во кој што се апсолутни фаворити, но тоа треба да го покажат и на теренот во рамките на 13-та рунда во нашата Прва лига.