ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мекиќ остана верен на Куманово!

Мекиќ остана верен на Куманово!

сподели
Адем Мекиќ

Македонскиот репрезентативец е еден од ретките меѓу носителите на играта кој и во новата сезона ќе го носи дресот на поранешниот вицешампион.

Бобан Стајиќ и Марјан Јанески се преселија во Работнички, Александар Штерјов и Никола Караколев во Кожув.

Мекиќ е првиот кошаркар кој стави потпис на договорот со Куманово за претстојната сезона. Се очекува деновиве да се формира костурот на екипата која повторно минува низ турбулентен период, но и која има искуство и знае како да се издигне над сите проблеми.

Репрезентативецот дојде во Куманово од МЗТ Скопје во ноември 2017 година. Одигра 27 натпревари со просек од 11,4 поени, 6,5 асистенции и 3,1 скока.

Со оглед на своето искуство, Мекиќ треба да биде лидер во составот кој повторно ќе биде предводен од Александар Петровиќ.