ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Медфорд има фрактура, најмалку еден месец пауза

Медфорд има фрактура, најмалку еден месец пауза

сподели
фото: МЗТ Скопје

На сите проблеми со повредени играчи, МЗТ Скопје остана и без еден од најдобрите во тимот во досегашниот дел од сезоната.

Лестер Медфорд доживеал фрактура на десната рака на натпреварот против Борац во 13-тото коло од АБА 2 лигата и му претстои пауза од најмалку еден месец.

Според информациите, американскиот плејмејкер се повредил при дуел со противнички играч во последната четвртина кога раката му останала заглавена во неговиот дрес и потоа превиткана. Поради тоа го напушти на теренот на околу три минути пред крајот на натпреварот, во моменти кога МЗТ Скопје правеше притисок да ја стигне негативата на Борац.

Аплицирајте веднаш за

Веднаш по пристигнувањето во Скопје, на Медфорд му бил извршен преглед и била утврдена точната дијагноза.

Ова значи дека првиот плејмејкер на вицешампионот ќе го пропушти дербито од АБА 2 против Приморска на 3 јануари во Скопје, но и дуелот со Блокотехна во 12. коло на Првата лига кој треба да се игра во третиот викенд од идниот месец.