ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мега изненадување во Гевгелија, гостиварци останаа подзинати

Мега изненадување во Гевгелија, гостиварци останаа подзинати

сподели

Сензацијата во 13-то коло е за Кожув, екипа што се бори да спаси глава сезонава и да преживее во првата лига, а се закити со победа против претендент за висок пласман што треба да влее дополнителна енергија во овој тим.

Гостиварци беа надиграни особено во првото полувреме, кога по две четвртини беше 40:30 (21:15, 19:15). Во третиот период гостите заиграа посериозно (21:22), и последниот заврши во нивна корист (16:24), но беше предоцна за цел плен.

Конечните 77:76 се витална победа за Кожув (4/9 – 9 позиција) во борбата за опстанок во елитата, а непланиран пораз за Гостивар (8/5 – 4 позиција) во битката за добар пласман во Супер лигата каде што ќе играат најдобрите 6 екипи на крајот на регуларниот дел.