ПОЧЕТНА МЛАДИНСКА КОШАРКА МВП СТРУМИЦА: Бараме нов Ф4, без Дино Баскет!

МВП СТРУМИЦА: Бараме нов Ф4, без Дино Баскет!

сподели
КФСМ

Кошаркаркиот клуб МВП Струмица, како една од оштетените страни во скандалот од лигата за кошаркари до 14 години, реагираше до Кошаркарската федерација од која бара исполнување на неколку точки.

Најважната од сите е онаа која се однесува на завршниот турнир што на 18-ти и 19-ти мај се одржа во Кочани. Победи Дино Баскет, но на оваа екипа и е одземен пласманот откако е утврдено дека во неа играле двајца кошаркари повозрасни од дозволеното.

„Бараме службено евидентирање со службен резултат 20:0 во корист на сите екипи со кои КК Дино Баскет се натпреварувал оваа година. Доигрување на сите регуларни натпревари кои не беа одиграни од страна на сите екипи, и потоа организирање на нов Ф4 турнир на кој учество ќе земат најдобрите 4 екипи согласно најновата табела после завршување на сите неодиграни натпревари.

Навистина НЕ Е ВО РЕД некои екипи да се изложуваат на сите трошоци потребни за организирање на сите натпревари дома и на гости, а некои истите да ги избегнуваат. Ваква пракса НЕ СМЕЕ да постои.

КФСМ

Ако органите на Федерацијата од определени објективни причини одлучат да не се одигруваат неодиграните натпревари, во тој случај БАРАМЕ или само одигрување на целосно нов Ф4 турнир со четирите најдобропласирани екипи според последната конечна табела, нормално со изземање на КК Дино Баскет Кочани и влегување на нареднопласираната екипа во Ф4 или во најмала рака, СЛУЖБЕНО ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА СЛУЖБЕН РЕЗУЛТАТ 20:0 во корист на КК МВП Струмица за полуфиналниот меч со КК Дино Баскет, и одигрување само на финалниот меч помеѓу КК Работнички и КК МВП Струмица во било кој термин и во било која сала во која органите на Федерацијата ќе одлучат да се одигра“, изјави за basketball.mk, претседателот на КК МВП, Сашо Масев.

Тука не е крајот на забелешките што ги има струмичкиот клуб кон организацијата и организаторот на завршниот турнир од лигата М14. Оттаму се сомневаат и во Финансиски недоречености во делот на уплатата на задолжителната сума која ОРГАНИЗАТОРОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРАЛ ДА ЈА УПЛАТИ ден пред одржувањето на Ф4 турнирот за официјално да ја добие организацијата на истиот.

Нивно ново соопштение за сите проблеми и предлози за надминување на ситуацијата очекуваме во текот на денот.