ПОЧЕТНА Некатегоризирана МВП од шпанското првенство го засилува Реал!?

МВП од шпанското првенство го засилува Реал!?

сподели
фото: ACB /D. Grau

Останува уште потписот на договорот за официјализирање на трансферот на еден од најдобрите аргентински кошаркари во моментов, неодамна избран за најкорисен играч оваа сезона во АЦБ лигата.

Николас Лапротивола, како што тврдат медиумите во Шпанија, ги договорил сите услови со Реал Мадрид и во новата натпреварувачка кампања најтрофејниот клуб во Евролигата ќе има аргентинска бековска двојка бидејќи одамна таму е Факундо Кампацо.

За Лапровитола тоа ќе биде врв на кариерата во која играше за Ланус, Фламенго, Лиетувос Ритас, Естудијантес, Басконија, Зенит и Хувентуд.

Шпанците тврдат дека со ова не завршуваат засилувањата за Реал во бековската линија и во текот на летото клубот ќе се обиде да донесе барем уште една мега-засилување.