ПОЧЕТНА Балкански лиги МВП е оној што Делиите не го сакаа(т)

МВП е оној што Делиите не го сакаа(т)

сподели
Starsport, B92

Последното вистинско засилување за Црвена звезда, ја освои наградата за најдобар кошаркар во финалната серија, во која што црвено-белите ја спасија сезоната за заборав.

Иако станаа шампиони на Србија, ја загубија финалната серија во АБА лигата од Будуќност, а со тоа по три години и местото во Евролига, односно трофејот во Купот на својата земја, со поразот од Партизан.

Репрезентативецот на Словенија беше главната причина поради која што навивачката група Делии не се појавува на натпреварите на својата омилена екипа, несватлив потег и своевиден преседан на навивачите на белградскиот клуб.

Аплицирајте веднаш за

Со перформансот во финалето, Ален Омиќ ги оправда очекувањата и инвестицијата на раководството, освојувајќи го МВП признанието со 20 поени (11 скока, 3 асистенции) во последниот меч, 15 поени (7 скока) во вториот и 22 поена (5 скока) во првиот дуел.

Воедно, Омиќ беше и најдобар стрелец сезонава, а Црвена звезда ја освои четвртата редоследна титула. Претходните 8 во независна Србија ги освои Партизан. Во вкупниот број титули Звезда има 19, а Партизан 21.